Orbit® „Џвакај во ритам“ 

Често поставувани прашања 

 

Што е наградната игра? 

• АЛМА - М организира наградна игра наречена „Џвакај во ритам“ за брендот Orbit®. Можете да учествувате за да освоите JBL Tune 770 слушалки преку извлекување на награди. 

Кој може да учествува во играта со награди? 

• Во играта со награди можат да учествуваат жители на Северна Македонија, кои имаат наполнето 18 години на денот на регистрација. 

Како можам да учествувам? 

• За да имате шанса да освоите, купете Orbit® производ, скенирајте го QR кодот на промотивниот материјал или посетете ја веб страницата: https://www.Yourchewyplace.com/mk-mk, прикачете ја сметката од купувањето и пополнете го онлајн формуларот за регистрација со вашето име, поштенска адреса, е-пошта и мобилен број. Зачувајте ја фискалната сметка до крајот на наградната игра. 

Дали е потребно купување за учество? 

• Да, потребно е купување на најмалку еден Orbit® производ на територијата на Северна Македонија. 

Кога можам да учествувам? 

• Наградната игра е активна од 00:00:01 на 06.04.2026 до 23:59:59 на 31.05.2026.

Кои се наградите? 

20 JBL Tune 770 слушалки се во игра. 

Можам ли да учествувам повеќе од еднаш? 

• Да, но можете да учествувате само еднаш дневно (помеѓу 00:00:01 и 23:59:59 во еден календарски ден) за време на кој било ден од периодот на Промоцијата. 

Можам ли да освојам награда повеќе од еднаш? 

• Не, секое лице може да освои најмногу една награда. 

Како ќе знам дека сум добитник? 

• Добитниците ќе бидат известени по е-пошта дадена при регистрацијата и мора да одговорат за да ја потврдат својата награда. Резервните добитници можат да бидат известени подоцна, доколку главниот добитник не одговори на известувањето за наградата или не ги исполнува условите согласно со правилата на наградната игра.

Како ќе ја добијам наградата? 

• Ако сте добитник, честитки! Потврдете го учеството со одговор на известувањето за наградата, а вашата награда ќе може да ја подигнете во просториите на Организаторот на ул. Качанички пат бр. 65А, Скопје – Бутел во рок од 60 дена од објавувањето на добитниците.

Не ја добив наградата. Што да направам? 

• Жал ни е да слушнеме за тоа. Ве молиме почекајте до 60 дена од објавувањето на добитниците за да ја добиете наградата. Ако сè уште не сте ја добиле, контактирајте не на: orbitnagradnaigra@alma-m.com и ние ќе провериме зошто.

Кои се правилата на наградната игра? 

• Целосните правила и услови на Наградната игра можете да ги видите тука:  
https://www.Yourchewyplace.com/mk-mk

Назад